Апелација ја одби милионската понуда на Камчев за неговиот пасош

1253

Апелациониот суд во Скопје, постапувајќи по жалба во кривичниот предмет познат под името „Империја“ донесе неколку одлуки, но секако најбитна е онаа која се однесува на осомничениот Јордан Камчев.Имено, жалбата на Камчев, изјавена преку неговиот адвокат, е одбиена како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција е потврдена. Оваа одлука подразбира дека понудената гаранција на Камчев, во висина од три милиони евра, во замена за неговата патна исправа, нема да се дозволи.
Повисокиот суд ја отфрли и жалбата на осомничениот Ненад Јосифовиќ.
Јордан ( Орце) Камчев и Ненад Јосифовиќ се осомничени во предметот наречемн „Империја“, а меѓу осомничрните се и косопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделевски, но и мајката на Орце, Ратка Камчева, како и неговата сестра.

Спонзорирано