ВО ОХРИД ИЗВРШЕНА ЗАПЛЕНА НА ПОДВИЖНИ ПРЕДМЕТИ

388

Според пишувањето на повеке он-лајн медиуми, охридската полиција, по налог на Основното јавно обвинитеслтво за организиран криминал и корупција, извршила заплена на повеќе движни предмети, а во рамки на случајот наречен „Рекет“.
Имено, меѓу запленетите предмети се еден глисер, неколку аква-скутери, мотоцикли и мотори квадрицикли и теренски возила, а се во вредност од околу половина милион евра. Се верува дека се што е запленето е сопственост на сега притворениот Зоран Милевски – „Кичеец“, односно дека предметите се водат како сопственост на неговите фирми.
Заплената на бројните предмети се уште не е официјално потврдена од Обвинителството, но низ охридската чаршија веќе се пласираат шпекулации кои упатуваат и на евентуално замрзнување и на недвижен имот, исто така, сопственот на Милевски, а кој се проценува на повеќе стотици илјади евра.
Како што е веќе познато Зоран Милевски, заедно со Бојан Јовановски викан „Боки 13“ се сомничат дека се обиделе, од Јордан Камчев, да изнудат осум милиони евра, односно дека само за враќање на неговата патна исправа земале 1,5 милион евра, а дека за остатокот требало да му издејствуваат прекин на кривичниот прогон за случајот наречен „Империја“.