Наредено вештачење на пронајдената бомба во Прилеп

    402

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Прилеп извршил увид во кафе барот “Кафе Ин” каде вчера вечер, околу 23.30 часот, во саксија за цвеќе беше пронајден предмет кој наликувал на рачна бомба.
    Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита било утврдено дека навистина се работи за бомба којашто, по наредба на Јавен обвинител, била подигната и испратена на вештачење. Во исто време Јавбниот обвинител издал и други наредби во насока на целосно расчистување на случајот.

     

    ( фото МИА)

    Спонзорирано