Од стан во Прилеп украле ташна со златен накит и 15.200 евра

1152

Основното јавно обвинителство во Прилеп отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомневање дека заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничениот вечерта на 24 мај годинава, заедно со соизвршителот, провалил во стан во Прилеп. Со погодно средство ја отклучиле вратата, влегле во станот и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вкупна вредност од околу 1.300.000,00 денари.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд  во Прилеп на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано