ВНУК ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО НА СОПСТВЕНАТА БАБА

783

Момче од Скопје, на возраст од 28 години, се сомничи дека е виновен за смртта на сопствената баба.
„На 6. ноември, во семејниот дом на улицата ‘Никола Малешевски’, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Со жртвата најпрвин започнал вербална расправија за финансиски средства, по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала, по што осомничениот продолжил да ја удира со тупаници и нозе, нанесувајќи и повеќе телесни повреди од кои починала“ се вели во соопштението на Обвинителството, а со кое се потврдува дека за осомничениот, од кривичниот суд, е побарана мерка притвор.

Спонзорирано