ВЕЛЕШАНЕЦ, СО ДВА НОЖА, САКАЛ ДА ЈА УБИЕ СОПРУГАТА

76

Велешкото Јавно обвинителство донело наредба за спроведување истрага за лице од Велес, на возраст од 73 години, за кривично дело обид за убиство.
Имено, како што информираат од Обвинителството, осмничениот, во саботата, се обидел да ја убие својата сопруга. На настанот му претходела вербална расправија, но жената се качила на горниот кат од куќата каде живее нивниот син, со семејството. За тоа време осомничениот, од под перницата од креветот каде што спие, извадил два ножа со сечива од 17 односно 19 сантиметри. Со ножевите во двете раце, тој замавнал кон сопругата, притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие. Оштетената го повикала синот, а тој, пак, го удрил таткото и му ги одзел ножевите.
Обвинителството проценува дека постојат сите причини поради ко се изрекува мерката притвор , па затоа до судот било доствен и предлог за негово притворање во траење од 30 дена.​

Спонзорирано