„ДИГИТАЛИЗИРАНА“ ПРАВДА НЕ МОРА ДА Е ПРАВДА!

707

Обичниот човек не е заинтересиран дали едно судење има дигитален запис или не, ама го интресира квалилтетот на донесена судска одлука. Ова значи дека од судот се очекуваат квалилетни и издржани решенија, а не импровизации кои секогаш со себе носат и сомнеж

Љубиша Станковиќ

Измина подолго време откако не сум искоментирал ништо што се однесува на состојбите во правосудството. Не е дека немаше што да се коментира, туку, некако така ми дојде, одлучив и јас да замолкнам додека траат изборите и се она што следеше после нив. Иако оваа моја одлука личи како да сакам да „се вадам“, сепак така стојат работите. Вистина е дека не сакав да коментирам, бидејќи не сакав да бидам толкуван дека некого подддржувам, а некого отворено ќе го нападнам.
И како што тоа обично бива се случи посета на Роберт Спаби, претседател на Европскиот суд за човекови права. Да бидм искрен ниту сакав, ниту можев да ги слушам изјавите на Спано, особено не неговите пофалби, а ништо помалку и објавените фотографии на кои треба да се покаже некаква близина, соработка, што ли…. Не можам да слушам и кога самите се фалиме дека, небаре го имаме најдобриот правосуден систем на Свет.
Разбирам што значи куртоазија и затоа и не можам да очекувам од Спано и тоа на само десетина дена по објавувањето на Извштајот на Европската комисија. А кога сме веќе кај Извештајот (и тоа на делот кој се однесува на правосудството), вреди да се потсети дека покрај констатираниот напредок, држават за следната година треба да ја засили имплементација на стратегијата за судски реформи и ревидираниот акциски план, да го подобри системот за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС системот) за тој да гарантира дека е функционален и доверлив, но и да се поработи на човечкиот фактор.
За да бидеме искрени до крај Европската комсија ќе се осврне и на толку, од нас фалената дигиталкизација, но тие на неа гледаат како на преголем залак, бидечи она што досега е направно на тој план е направено со странски пари добиерни како донации, а и платите кои би им биле понудени на луѓето од ИТ Секторот се неатрактивни или кажно поинаку – мали.
А кога веќе говориме за дигитализацијата на сите судови, односно судници, мора да се осврнеме на она што се зборува меѓу народот. Имено, обичниот човек не е заинтересиран дали едно судење ќе има дигитален запис или не, ама многу го интресира квалилтетот на донесена судска одлука. Ова значи дека од судот, односно од судиите, се очекува квалилетни и издржани решенија, а не импровизации кои секогаш со себе носат и сомнеж.
Владата, односно Минисрството за правда никако не смее да заборави дека оваа политичка гарнитура дојде на власт, само заради тоа што народот побара правда!
Народот се уште се надева и уште ја чека правдата да биде испорачана, а дигиталацијата може и да причека!

 

 

Спонзорирано