АМЕРИКАНЕЦ, ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА „КИСЕЛА ВОДА“, ТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИ

201

Американски државјанин, на возраст од 42 години, е осомничен дека извршил физиќки напад на тројца полициски работници.
Делото за кое се товари Американцот било извшено утрово откако тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода, а поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Имено, додека влегувал во полициската станица тој започнал да се однесува агресивно, а пото и да удира со раце и нозе по инвентарот. Еден полициски службеник го предупредил на однесувањето, но тој наместо да престане со таквото однесување се свртел кон полицаецот и му удрил повеќе удари по лицето. По ова други двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но тој и нив ги удирал со боксови.
Јавен обвинител, до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за насилникот. ​​

Спонзорирано