СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СЕРИЈА РАЗБОЈНИШТВА БО АПТЕКИ

100

Основното јавно обвинителство – Скопје повело постапка за 34-годишен скопјанец за кого се верува дека извршил шест разбојништва во аптеки.
Серијата разбојништва започнала на 13. минатиот месец кога тој, по закана со нож, од аптека во скопски Аеродром, одзел 25.000 денари, а во втѕорникот, од истата аптека одзел уште 21.000 денари. На 25. октомври, од друга аптека во Аеродром, одзел 12.000 денари, а два дена подоцна, од аптека во Гази Баба одзел уште 24.000 денари. Истиот ден рзбојнкот влегол во аптека, во Карпош, и под закана со нож кон вработените тој одзел 40.000 денари. На 18. минатиот месец, од регистар касите во аптека во Кисела Вода одзел 48.756 денари или вкупно, од шестте разбојништва, остварил противпран корист поголема од 170 илјади денари или скоро 3.000 евра.
Освен реализираните, на осомнчениот на товар му се става уште еден обид, но разбојништвото во аптека во Карпош, не се реализирало, бидејќи вработената го предупредила дека го активирала алармот, па тој се дал во бегство.

Спонзорирано