Увид на местото на тешката сообраќајка на патот Градско – Прилеп

489

Дежурен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на магистралниот пат Градско-Прилеп каде што утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а петмина се повредени.

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата животот го загубил еден од патниците во голфот, додека еден е потешко, а еден полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот. Сообраќајот на патниот правец е запрен до целосно завршување на увидот.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за сообраќајно-техничко вештачење.