Пендаровски: „Разочаран од тоа што го слушнав за случајот наречен ‘Рекет“ повикав на брза и темелна истрага

1060

„Свесен за мојата одговорност како претседател на сите граѓани и мојата должност да ги штитам интересите на државата и нејзините граѓани, нејзиниот просперитет и безбедност, како и реализицијата на стратешките надворешно-политички цели кон кои во изминативе две години забрзано се движиме – НАТО и ЕУ, барам од надлежните институции:
1. Ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата почитувајќи го начелото на презумција на невиност,
2. Доколку има докази да се поднесат обвиненија против сите инволвирани без разлика дали се носители на јавни функции или не,
3. Освен кривично-правната одговорност, доколку има друга, било каква поврзаност со случајот, во смисла на давање на заштита на лицата под истрага, инсистирам и на политичка одговорност на политичарите, независно дали се од власта или од опозицијата. Во овој контекст е најдобро, сите оние чии имиња се споменати, независно дали со основ или намерно, само со цел да бидат дискредитирани, самоиницијативно да дадат изјави пред надлежниот обвинител со цел да покажат дека пред законот и пред јавноста сме сите исти.
4. Како претседател давам целосна поддршка на надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и ќе ги употребам сите уставни и законски овластувања за да ги заштитам од притисоци. Исто така, ќе ги употребам сите законски овластувања да ја заштитам националната безбедност од обиди за нејзино нарушување било од надвор, било од внатре“.

Спонзорирано