Обвинителството очекувало претседателот на државата да помогне во изгласување на новиот закон

    221

    Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, а по вчерашната прозивка од претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска со своја реакција. Имено, од ЈОРСМ укажуваат „дека не е време за напади на институциите и нема да се дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите“.
    За обвинителството, изјавата на претседателот Пендаровски, дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку тој ги повикал пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадел поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото.
    „ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот“, велат од ЈОРСМ и потенцираат дека подлегнување на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството штетно ќе влијае на текот и успешноста на истражната постапка, како и врз обезбедување на доказите.