Јанева и Стефанова повикани на распит кај Русковска

1902

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава, објавена на веб-страната на СЈО, а во врска со денешните објавени разговори, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.

-Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители -посочува во изјавата Јанева.

Таа ги повикува истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај и, како што посочува, обелување на нејзиното име.

Како што објави СДК, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО. Поканата на Стефанова ѝ била испратена по нејзината вчерашна изјава дека ѝ бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.

Истрагата за „Рекет“ ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска која ја проширува истрагата и со влијание врз предметната обвинителка од СЈО Лиле Стефанова.

Следна на сослушување, како што пишува СДК, веројатно ќе биде повикана и цпецијалната обвинителка Катица Јанева.

Спонзорирано