Во угостителски објект во Тетово, со еден истрел, е убиено лице на возраст од 46 години. На немилиот настан му претходела дружба на убиениот и лицето кое пукало во него
Десет минути пред полноќ во угостителски објект, во Тетово, со еден истрел е убиено лице на возраст од 46 години. За настанот првично информираше тетовската полиција која соопшти дена убиството се случило во угостителски објект, лоциран на улицата „29 Ноември“, во Тетово.
Имено, според информациите лиферувани од Министерството за внатрешни работи на немилиот настан му претходела заедничка дружба на сега починатиот и лицето кое стрелало во него.
„Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место“ – соопштуваат од Јавно обвинителство.
Од Обвинителството, утрово, информираа дека по извршеното убиство групата се дала во бегство. Малку подоцна, двајца од нив, биле приведени од полицијата, а други двајца, меѓу кои и извршителот, сами се пријавиле во полициска станица.
Јавното обвинителство, веќе месеци наназад, не соопштува иницијали или имиња како на сторители на кривичните дела, така и на нивните жртви, но затоа, пак, од МВР потврда дека осомничен за убиството на лицето А.А. е извесен Л.Д., од Тетово, кој кратко време по настанот самиот се пријавил во Полициската станица-Тетово.
Јавен обвинител од тетовското Обвинителство, заедно со увидни екипи на полицијата, до раните утрински часови вршеле увид во локалот во којшто синоќа беше извршено убиство.
Издадени се наредби за прибирање на траги од самото место и истите се подигнати зарани нивно вештачење, а за вештачење е преземена и чаурата од испуканиот куршум. Увидот подразбира и фотографирање и скицирање на местото каде е извршено убиството, наредба за вршење обдукција како и други дејствија кои се во насока на расчистување на кривично правниот настан. Инаку, од натамошниот тек на истрагата треба да се очекува утврдување на мотивот за сторување на убиството.
Пред само два месеца, во објект каде се приредуваат игри на среќа, дојде до престрелка во која учествуваа повеќе лица. Тешкиот инцидент, за среќа, мина без жртви.
Целиот текст на 24.мк