Уште двајца притворени за убиството во Поум, Обвинителството пак нема иницијали на осомничените

    1135

    Уште две други лица се притворени по убиството во струшкото село Поум, откако Јавен обвинител отвори истрага поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело убиство, а еден од осомничените и и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
    „Во текот на истрагата, а во врска со завчерашното убиство во струшкото село Поум, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струга, во координација со Министерството за внатрешни работи, дојде до нови сознанија што укажуваат дека осомничениот делото не го сторил сам. Имено, во извршувањето на убиството учествувале уште две лица кои се во роднинска врска со веќе осомничениот“, се вели во соопштението на Обвинителкството, во кое и овој пат изостануваат иницијали на осомничените.

    Спонзорирано