МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ИЛИ ТУРИСТИЧКА РАЗГЛЕДНИЦА ОД КАРИБИТЕ

792

Со кого Миле Јанакиески контактирал минатиот ноември на Санта Лусиа и на Јамајка? Дали Миле планирал таму да летува или да патува без патна исправа. Само неколку дена подоцна тој беше притворен поради сомнеж дека сакал да побегне ид државава

 

Љубиша Станковиќ

Сакете егзотични места? Сакате непознати и неистражени дестинации на кои би сте го поминале годишниот одмор?
Нема некој што би одбил ваква понуда, секако доколку има доволно пари!
Дали некогаш се слушнале за Санта Лусија или кажано на наш јазик Света Луција? Верувам дека не!

Станува збор за мала островска земја кој се протега на потегот: Гвадалупе – Доминика – Мартиник – Санта Лусиа – Барбадос – Свети Винсент и Гренардини. Островот за кој расправам има нешто преку 170.000 жители, но не можам да кажам колку жители има главнот град Кастри. Санта Лусиа, за прв пат бил колонизиран од Франција уште во 1660 година, а по Французите, потпаднала под власта на Велика Британија.

Својата независност островот ја стекнува на 22. февруари 1979 година, но и покрај тоа што си имаат генерален гувернер, извесен Перлет Луизи, сепак жителите на овој мал карибски остров имаат посебен однос кон британската круна, односно кон кралицата.

Паролата на оваа земја гласи: „ Земјата, народот, светлината“, а националната химна се нарекува: „Синови и ќерки на Света Луција!“. Ова последново многу потсетува на она: „Браќа и сестри“….Знаете за што ви зборувам, нели?

Економските параметри, односно БДП-то на Санта Лусиа изнесува 986 милиони долари, а просек по глава на жител е 9.907 долари.

Втората туристичка разгледница се однесува на малку повеќе познатата Јамајка. Овој, карибски остров е на безмалку 150 километри јужно од Куба, а прв сосед на Јамајка и е таканаречената „Хиспанола“, односно островот на кој се Хаити и Доминиканската република. Под претпоставка дека сите знаат за „реге“ музиката, за Боб Марли и Еди Грант, за марихуаната која таму се пуши повеќе отколку обични цигари, за боб-ски тимот на Јамајка, само ќе кажеме дека на овој остров живеат 2,8 милиони жители, дека БДП изнесува 20.656 милиони или 7.688 долари по глава на жител. Веројатно дека досега многумина се запрашале каква врска имаше приказната за Санта Лусиа и Јамајка со Миле Јанакиески? Има! Според сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“, Миле Јанакиески, некаде кон крајот на минатиот ноември, непосредно пред да биде притворен, имал обавено повеќе телефонски разговори со лица од Грција, Србија, Косово, но се јавувал и на Санта Лусиа и на Јамајка! Дали Миле или евентуално неговата сопруга имаат роднини на Карибите? Ако имаат зошто ги контактирале, ако немаат со кого тогаш раљзговарале? Дали планирале да резевираат аранжаман за годишен одмор, пред да започне туристичката сезона?

Тешко е да се поверува дека Миле планирал да патува, бидејќи нему му е одземена патната исправа? Можно е Јанакиеска да посакал, како и неговиот шеф Никола Груевски, да патува, ама без пасош?
Ова е многу реално, бидејќи Миле Јанакиески и беше притворен поради подготовка за бегство од државата.