ЕДЕН ОСОМНИЧЕН И ПРИТВОРЕН ЗА СИНОЌЕШНОТО УБИСТВО ВО ТЕТОВО

    527

    Едно лице е осомничено за убиството коешто се случи вчера, само десетина минути пред полноќ, во угостителски локал во Тетово. Осомничениот за убиство извршено врз лицето А.А., од Тетово, е извесен Л.Д., но тој, како што потврдуваат од тетовското обвинителство ќе одговара и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
    „Осомничениот, синоќа, во објект на улицата ’29 Ноември’, во Тетово, лишил од живот едно лице. Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, консумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. Притоа, тој му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот“, се вели во дел од соопштението на Обвинителството, во кое, не само што го нема името на покојниот, туку не се споменуваат ниту иницијалите на лицето кое ќе одговара за убиството, а за кое Судија на претходна постапка, од судот во Тетово, изрече безбедносна мерка притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано