Тројца прилепчани осомничени за насилство

    1046

    Основното јавно обвинителство во Прилеп осомничи тројца прилпчани за кривично дело насилство, но само еден од сега осомничените, инаку лице на возраст од 44-годишен прилепчанец, е лишен од слобода. Останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се недостапни за органите на прогонот. „Осомничените, на 19. овој месец, во кафе бар, во Прилеп, во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно оштетено лице. Тие без повод и причина физички го нападнале еден 21-годишник додека седел во кафе барот, а пред кафе барот продолжиле со нападот“, се вели во соопштението на обвинителството од каде и потврда дека оштетениот се здобил со тешка телесна повреда и дека нападот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кај присутните во локалот. Инаку, поради сериозноста на повредите оштетениот итно бил пренесен на натамошно лекување во Скопје.
    По предлог од обвинителството судија на претходна постапка на осомничените им определил мерка притвор во траење од 30 дена со тоа што на двајцата кои се водат како недостапни времето ќе почне да им се засметува од моментот на нивното пронаоѓање.

    Спонзорирано