Средба на Љубомир Јовески со Генералниот обвинител на Казахстан

    1258

    Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска го прими во официјална посета Генералниот обвинител на Република Казахстан, Гизат Дауренбекович Нурдаулетов.
    На средбата се разменети искуства, а е извршено и меѓусебно запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји. Двајцата обвинители разговарале и за текот на реформите во правосудството.
    Гизат Дауренбекович Нурдаулетов, со декрет на претседателот на Казахстан, во март оваа година беше назначен за Генерален јавен обвинител.

    Спонзорирано