ТРОЈЦА ОСОМНИЧЕНИ, НО ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕНИС ТОТ

1024

Три лица се сомничат како можни извршители на убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Имено, како што информираат од Јавното обвинителство, по добиено известување од Министерството за внатрешни работи за настан со смртна последица , тие, со цел да ги испитаат сите околности издале наредби за обдукција на телото на починатиот, за обезбедување на видео запис од безбедносни камери – „Safe City“ и од ноќниот клуб, а биле обезбедени и сведоци на немилиот настанот.
„Врз основа на прегледаните видео записи идентификувани се три лица за кои предметниот обвинител по добивање на кривичната пријава ќе донесе наредба за спроведување на истражна постапка, поради постоење на основано сомнение дека осомничените, меѓу кои една девојка (19), сториле кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените се лишени од слобода и тие денес ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, додека по првоосомничениот кој е недостапен на органите на прогонот се трага и е распишан централен распис“, велат од Обвинителството и потврдуваат дека за нив ќе биде побарана мерка притвор.
Од Обвинителството и информција дека по извршена обдукција врз починатото лице било утврдено дека кај Тот не биле констатирани видливи повреди, но и тоа дека причина за смртта е од нанесени удари повреди на главата, односно на мозокот. Оттаму и потестување дека овој кривично правени настан се случил во чевртокот, во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје, кога осомничените по кратка вербална расправија го нападнале ракометарот кому му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите Тот паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест, но тие продолжиле да го удираат по глава. Вработен во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош и ракометарот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а лекарите кои го примиле повредениот констатирале престанок на работа на срцето, голем оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал.​

Спонзорирано