Тимот на Јанева преслушал 96 отсто од „бомбите“ и отворил осум нови истраги

1225

Специјалното јавно обвинителство денеска го објави седмиот по ред полугодишен извештај, кој доаѓа во период кога оваа институција е цел на разни политичко-правни опструкции, поради нерешениот статус, односно истечениот мандат за покренување нови обвиненија. Извештајот се однесува на периодот од 15 септември и е напишан на 103 страниц. Она што е карактеристично за него се пресудите во два судски предмета, што се однесуваат на три обвинети лица, но и на поднесените обвиненија за предметите „Талир!“ и „Талир 2“. Од вкупно 606.555 аудиофајлови со кои располага, СЈО обработило 96 отсто
Како резултат на прибавувањето на предмети во рамки на законските надлежности на Основното јавно обвинителство во Скопје, односно Битола, во текот на овој извештаен период донесени се решенија со кои се воспоставува стварна надлежност во рамки на предметите „Империја“ и „Талир“. Во текот на седмиот извештаен период отворени се осум нови истраги насочени против 64 лица. Евидентно е дека како едно од побитните обележја се осумте нови финансиски истраги за кои, се верува, дека преку извршените кривични дела, државата е оштетена 92 милиони евра.
И покрај донесеното правно мислење на Врховниот суд, во однос на постапувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, како и повикувањето на ваквото мислење од страна на дел од осомничените и нивните бранители, евидентно е дека ова Јавно обвинителство постапува исклучиво во рамки на своите законски овластувања во рамки на предметите што ги води.
Во делот кој што говори за оперативните активности и работа на предмети се констатира дека истражителите презеле 1.167 дејствија кои опфаќаат изготвување на службени белешки, увид во документација на правни субјекти, учество во претреси, учество во сослушување на сведоци, осомничени и обвинети, изготвување на финансиски анализи на документи и слично. Во текот на извештајниот период, во рамки на постапување по преземени предмети имало вкупно 4.459 дејствија.
Во изминатите шест месеци, економските советници на СЈО биле вклучени во 20 предмети, од кои 16 предмети се во предистражна, три во истражна постапка и еден предемет за кој е подигнато обвинение. СЈО има изготвено 129 службени белешки на 955 страници како сублимат на обработени докази од 84.338 страни, 3.649.924 трансакции, со опфат на 64 правни лица, 63 физички лица и седуммина корисници на буџетски средства по предметите. Во делот на предистрагите, според извештајот, биле отворени 81 постапка. Од овој број 14 предмети биле формирани по сопствена иницијатива, а 67 предмети по пријави од други подносители. Со претходно отворените 162 предистраги, во извештајниот период, се работело на вкупно 243 постапки.
Од 606.555 аудио фајлови со кои располага СЈО до поднесувањето на овој извештај биле анализирани 582.293 или 96 проценти од вкупниот број. Акцент бил ставен на анализа на 834.374 СМС пораки од кои се обработени 56 проценти, а била извршена анализа на доставениот хард диск од канцеларијата во УБК што ја користел Ѕвонко Костовски.
Од СЈО очекуваат во претстојниот период да се обезбедат неопходни предуслови со кои ќе му се овозможи да даде активен придонес во практично функционирање на концептот на успешен и ефикасен истражен центар во поддршка во работата на јавните обвинители и ефикасно водење на кривичната постапка.
-Цениме дека делата кои ќе бидат во надлежност на ова Јавно обвинителство ја наметнуваат потребата од соодветно воспоставување и акредитација на форензичка лабораторија за која СЈО и во овој момент поседува стручен и обучен кадар како и соодветната техничка опрема, се наведува во извештајот.
Исто така, се изразува очекување дека во идниот период судот поинтензивно ќе закажува рочиштата по одобрените обвиненија. Со тоа, како што се посочува, ќе му се овозможи на СЈО во соодветни судски постапки да ги
докаже кривичните дела.
-Ако се има предвид сериозноста на кривичните дела кои се предмет на обвиненијата поднесени од страна на ова Јавно обвинителство, целта е да се обезбеди непречено водење на судските постапки како и избегнување на нивното непотребно одлагање. Во оваа прилика, повторно ја истакнуваме обврската за воздржување од постапување кое е насочено кон успорување на правдата, се наведува во извештајот.
Од СЈО изразуваат очекување дека во претстојниот период конечно ќе бидат донесени законските решенија со кои ќе се регулира положбата на ова обвинителство во јавнообвинителскиот систем, како самостојна институција која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил. Специјалното јавно обвинителство од вкупно 606.555 аудио фајлови со кои располага, обработило 96 отсто, се вели во Извештајот за р

Спонзорирано