Осудените за 27 април се јавија со политички пораки од притвор

714

Само еден ден по објавата на пресудата за обвинетите за „крвавивиот четврток“, на социјалните мрежи можат да се видат бројни реакции. Малку неочекувано, но првата реакција дојде од Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, кој ја доби највисоката казна од 18 години затвор.

МИТКО ЧАВКОВ:

1. Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:

– Монструозно обвинение – неосновано

– Драконска казна

Ги повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.

Поделбите се во корист само на мафијата!

2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), им ја подарувам на ,,истражувачките новинари“.

3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка.

Иако Чавков себеси се доживува како патриот, неговата ќерка Зорица, преку социјалните мрежи, најавува семејна, а не партиска борба. Осудениот Јане Ченто себеси се наоѓа во историјата која, наводно, ќе го ослободела. За разлика од Чавков и Ченто, Игор Дурловски како единствен кој вчера беше ослободен од вина, со многу сарказам во славењето на слободата.

„Кога слободата е ропство, а среќата тага! Мевлем на душа сте ми, сите вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.“ – напиша Дурловски.

Со вчерашната неправолсилна пресуда полека, но сигурно се комплетира серијата судски постапки, за кои беа изречени затворски казни од безмалку 300 години. Имено, јавноста се уште ја памети минатогодишната судска пресуда за голема група граѓани кои на 27. април 2017 година влегоа во републичкото Собрание и физички се пресметуваа со пратениците: Зијадин Села, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Артан Груби и неколкумина други. Скопскиот кривичен суд за овие обвинети изрече затворски казни од 81 година.

Сепак, финалето на случајот „27. април“ може да се очекува во многу скоро време. Според некои предвидувања веќе следниот месец може да се очекува нов обвинителен акт за пет лица за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“. Меѓу оние кои ќе бидат обвинети за организирање на случувањата од „крвавиот четворток“ се и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министритре Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и бегалците Никола Бошкоски од Управата за безбедност и контраразузнавање и поранешниот премиер Никола Груевски, но на овие двајца, најверојатно ќе им се суди во отсуство.

Целиот текст на 24.мк

Спонзорирано