СКОПЈАНЕЦ ВО ДВЕ ТОРБИ ПРЕВЕЗУВАЛ 45 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

838

Скопјанец, на возраст од 31 година, од прилепското Јавно обвинителство е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, односно дека во средата, на патот Прилеп-Градско, неовластено пренесувал 45,085 килограми марихуана. Дрогата, како што поврдуваат од Обвинителството била помешана со тутун, откако претходно била набавена во Струга. Марихуаната била спакувана во патни торби. Една торба тој ја ставил на задното седиште, а другите две во багажникот на автомобил „пежо 306“, но во близина на Градско тј бил запрен од полицијата која по ивршен преглед на возилото ја понашле марихуаната.
На скопјанецот, а по предлог на Јавен обвинител, му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано