ГОСТИВАРЕЦ ОБВИНЕТ ЗА СЕМЈЕНО НАСИЛСТВО ВРЗ СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА

489

Гостиварец кој ги малтретирал сопругата и ќерката е обвинет од тамошното обвинителство и тоа за кривични дела загрозување на сигурноста и за за нанесување на телесна повреда.
Обвинението за „анонимниот“ гостиварец доаѓа само пет дена од денот кога тој го сторил семејното насилство. Имено, на 15. овој месец, сега обвинетиот, во домот во кој живеел во заедница со оштетените, започнал расправија по што ги физички ги нападнал и притоа им нанел телесни повреди. Повод за расправијата и тепањето било тоа што тој барал пари, а сопругата му кажала дека нема, по што тој започнал да и удира шлаканици. Насилникот барал пари и од ќерката, а откако бил одбиен тој го зел нејзиниот мобилен телефон, бидејќи имал намера да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција тој од кујната зел нож и со него замавнал кон неа, но сопругата го спречила да ја повреди ќерката. По ова тој со ремен ја тепал сопругата, нанесувајќи и притоа телесни повреди.
Инаку, кривичното дело загрозување на сигурноста било сторено така што сега обвинетиот во неколку наврати испраќал пораки на мобилниот на ќерката со закани упатени кон неа и кон нејзината мајка.
Со поднесување на обвинениетото Јавниот обвинител, до судо во Гостивар доставил и предлог за продолжување на веќе изречената мерка притвор.

Спонзорирано