СОПСТВЕНИЦИ НА ФИРМИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ЗАТАЕН ДАНОК ОД 25,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

841

Скопското Јавно обвинителство иницира постапка за две лица за продолжено кривично дело даночно затајување.
Како што потвдуваат од Обвинителството, во 2018 и 2019 година, првоосомничениот, сопственик, управител и потписник на сметките на правно лице, до седиште во Студеничани, во договор со второосомничениот, кој, пак е управител на три правни лица, со давање лажни податоци избегнале плаќање обврски во износ 25.645.627 денари.
Со детална финансиска истрага, спроведена од Управата за финансиска полиција а по наредба на Јавен обвинител, било утврдено дека вториот осомничен издавал фиктивни фактури за наводна продажба на отпадно железо, кои првиот осомничен ги прикажувал како фиктивен промет во книговодствената евиденција на своет
о правно лице. За уплатените средства по овој основ, кои веднаш ги подигал од сметките, вториот осомничен не пријавил и не платил персонален данок на доход, додека кај првиот осомничен тие средства биле прикажани како трошок за кој била намалена даночната основа за пресметување на данокот на добивка.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени, односно обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и времено одземање на патна исправа. Освен наведеното, до судот е доставено и барање за времено одземање на имот или предмети заради обезбедување од едно од правните лица.

Спонзорирано