СКОПЈАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА И ОРУЖЈЕ

553

Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага за едно лице за кривични дела : неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Сега осомничениот, инаку на возрас од 42 години, во својот дом во скопската населбаа Козле, држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги на кои имало остатоци од дрога, како и пиштол „црвена застава“, со калибар 7,65 милилметри и два куршума. Дрогата и оружјето биле пронајдени на петти овој месец, при претрес на неговиот дом.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Спонзорирано