СУДЕЊЕТО НА ДРАГИ РАШКОВСКИ ЗАКАЖАНО ЗА 25. ОВОЈ МЕСЕЦ

531

Скопскиот кривичен суд за 25. овој месец го закажа стартот на судскиот процес кој ќе се води против разрешениот секретар на Владата, Драги Рашковски. Од скопска „единица“, освенм што го потврдуваат датумот за почеток на судењето и информација дека со овој судски процес ќе раководи Фанка Јанчулева Михаиловска, судија кој суди предмети од сферата на организираниот криминал.
Одредување на датум за почеток на судењето на Драги Рашковски, инаку обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело, доаѓа по само две недели од денот кога Совет за оценка даде „зелено светло“ за обвинителниот акт. Инаку, со обвинението освен Рашковски, опфатени се уште две лица кои биле негови соработници во Владата на РСМ, но и други четворица кои се јавуваат како економски оператори. Сите тие се товарат дека, со умисла, повеќе пати му помогнале на на Рашковски во ивршувањето на кривичните дела.
Драги Рашковски се тоари дека како владин секретар, од јуни 2017 до февруари минатата година, извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и кривично дело перење пари. Второ и третообвинетиот, како негови надворешни соработници, според Обвинителството, со умисла му помагале во повеќекратното извршување на кривичното дело злоупотребата на службената положба, како и другите обвинети. Всушност, за сторена злоупотреба ќе одговараат шестмина обвинети: И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С.
Како што е познато, скандалите и криминалте кои ќе се врзуваат со името на Драги Рашковски, започнаа со јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. И додека Владат твдеше дека таквата набавка била неопхдна, Министерството за внатрешни работи негираше дека има потреба од таков софтвер.
Со начинот на кој се работел Драги Рашковски, всушност, на четири економски оператори им овозможил да учествуваат во набавките и да склучат договори, од кои се стекнале со имотна корист од 17.474.137 денари или околу 285.000 евра.
Извесно време Рашковски беше во затворот „Скопје“, но тој понуди гаранции од половина милион евра, по што притворот му беше заменет за куќен притвор.

Спонзорирано