АПЕЛАЦИЈА, ЗА ГАРАНЦИЈА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА, МУ ГО УКИНА ПРИТВОРОТ НА ОРЦЕ КАМЧЕВ

570

Скопска Апелација, поточно Совет кој постапувал по барање на Јордан (Орце) Камчев заукинување на мерката притвор, одлучил да ја прифати понудената гаранција во висина од 11 милиони евра, а за возврат да му се укине мерката којашто му е изречена за предметот наречен „Плацеви н Водно“.
Одлуката на Апелација обвинетиот Камчев ја дочека во неговата болница „Аџибадем Систина“, каде, како и многу пати порано, е сместен поради негово нарушено здравје, односно поради наводна потреба од медицински испитувања.
Дали Камчев, по укинувањето на притворот, ќе остане во болница или веднаш ќе оздрави ќе се знае веќе во наредните неколку дена, а во периодот кој е пред нас треба да се очекува да бидат соопштение и резулатите од испитувањата.
Како што е веќе познато, на Јордан (Орце) Камчев му се суди за случајот наречен „Плацеви на Водно“, односно за обидот на Никола Груевски, со париск пари, незаконси, да купи два плаца на „Водно“. Од досегашниот тек на судењето може да се заклучи дека Груевски ги злоупотребил, односно присвоил партиските средства за себе, а Камчев само требало да помогне при нивното купување, во што биле вклучени и неговата мајка Ратка Куновска – Камчева и неговата сестра Кристина Камчева – Стојчевска.
Инаку, на Орце Камчев наскоро му претстои судење за случајот наречен „Империја“. Се верува дека се станува збор за предмет „тежок“ повеќе милиони евра, во кој Камчев ќе се појави како првообвинет.

(Љ.С.)

Спонзорирано