САШО МИЈАЛКОВ НА СЛОБОДА

765

Скопскиот Апелационен суд денеска, како и пред една недела, донесе одлука со која на екс директорот на Управата за државна безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, му се укинува мерката притвор.
Овој пат, за разлика од пртед една недела, кога Апелација ги прифати понудените гаранции кога притворот беше укинат за предметот наречен „Трезор“, денеска тоа беше направено и за предметот „Плацеви на Водно“. Она што е разлика во предметите е тоа што сега Советот на судии го сочинуваа судиите Енвер Беџети и Ѓоко Ристов и судијката Лирие Елези Ајрулау, која доаѓа на местото на судијката Тања Милева. Како што е веќе познато Милева, минатата недела, изрази несогласување со одлуката за пуштање на Мијалков, а своето неслогласување го пренесе во писмена форма, односно како издвоено мслење.
Само неколку часа по донесување на најновото решение Сашо Мијалков се најде на слобода. Тој, пак, пред да го напушти затворот „Скопје“, каде е од 26. февруари, оваа година, само кратко прокоментира: „Не бегам бе! Зошто да бегам?!“, алудирајќи притоа на забелешките на Обвинителството дека доколку биде пуштен на слобода може да се даде во бегство.
Имено, реакцијата на Јавното обвинителство е во насока на потсетување дека тој за за предметот „Трезор“ е осуден на осум години затвор, а нпавосилна пресуда, во трање од 12 годии му е изречена и за предметот „Таргет-Тврдина“. Инаку на Мијалков му се суди за случаите „Плацеви на Водно“ и „Титаник 2“, а пред почеток е судскиот процес наречен „Империја“, каде, како првообвинет се очекува да биде Јордан Камчев, сопственик на „Орка холдинг“.
Ослободувњето на Мијалков дојде по понудена гаранција од 11 милиони евра, но образложението на најновото решение, според Апелација, треба да се очекува да биде објавено утре.

Спонзорирано