СУДОТ ГО ОДОБРИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ

146

На поранешниот секретар на Владата на РСМ, Драги Рашковски и на шестмина други ќе им се суди за сторени злоупотреби на службена положба и за перење пари

 

Скопскиот кривичен суд денеска потврди дека предметот кој по жалба беше во Апелациониот суд е вратен и дека веќе не постојат правни пречки за започнување на судски процес против екс генералчниот скрењтар на Владата на РС Македонија, Драг Рашковски и за уште шестмина други.
Обвинението, поднесено против Рашковски беше изготвеенмо и доставно до скопскиот кривичен суд уште на почетокот на август, оваа година, а се однесува на нелегална набавка на софтвер и на перење пари, сега, од Советот за оценка е одобрен во целост.
„Обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела: злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување од Кривичниот законик, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18. октомври оваа година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост“, се вели во дописот лиферуван од кривичниот суд и притоа се појаснува дека, сега, а по одобрено обвинение, предметот ќе биде распределен нзаради натамошно постапување, а избраниот судија ќе ја насрочи главната расправа.

Спонзорирано