СЈО СО ДЕСЕТИЦИ ИЗВОДИ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЗА „ТИТАНИК“

1366

Повеќе десетици, можеби и стотици изводи од избирачките списоци беа презенитирани на денешото продолжение на судскиот процес наречен „Титаник“. Со оглед на тоа што никој нема точна евиденција на бројот на досега изведените докази, се претпоставува дека СЈО ќе ја надмине бројката од 3.500 од вкупно 5.000 писмени докази. Имено, одбраната на обвинетите и денеска инсистираше на точно наведување на доказите, односно на тоа од каде потекнуваат листите и имињата на оние кои се на нив наведени.

Со ваква забелешка обвинителката Стефанова најверојатно сакаше да искоментира една невозможна ситуација од локалните избори во 2013 година, во Општина Центар, каде гласаа и граѓани од албанскиот град Пустец. СЈО освен изводи од избирачкиот список за Центар презентираше и листи од Ресен, но и и од други места.

За предметот „Титаник“ се тврди дека е најобемен, како во поглед на доказите, така и според бројот на обвинети. Имено, СЈО за изборни кражби ги обвини екс-премиерот Никола Груевски и неговите министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и пратеникот Илија Димовски, шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и тогашниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. На листата на обвинети се и разузнавачот Мунир Пепиќ, градоначалникот на Подградец, Едмонд Темелко, заменичката министерка за правда Билјана Бришкоска Бошковски и уште 12 други лица.
24.мк

Спонзорирано