Панчевски ја тужи претседателката на Антикорупциската комисија

2648

Судијата Владимир Панчевски поднесе кривична против претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска и членот Софка Пејовска Дојчиновска. Панчевски пријавата ја испратил до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и до шефот на скопското обвинителство Сашо Рајчев.
Пријавата е поттикната од прес конференцијата на ДКСКна која беше најавено дека се ќе ја проверува имотната состојба на неколкумина судии, меѓу кои и на поранешниот претседател на Кривичниот суд Панчевски.
Тој ги тужи двете членки на ДКСК за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за несовесно работење во службата.
-За обвинителот Јовевски и неговите послушници поднесено со печат, но не се ни сомневам дека повторно ќе ја заташкаат работата, тоа е многу сигурно и многу веројатно од сите досегашни постапки на Јавното обвинителство и реформираните обвинители, да не гонат криминал како соучесници на власта. Бележиме и нижеме незаконитости, и лажни правосудни реформи, ова е примерот за борба против корупцијата, еден ден народот ќе им суди, напиша Панчевски на фејсбук.

Спонзорирано