Син на пратеник на ДУИ и уште едно момче ранети на свадбена веселба

526

Синот на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми е еден од двајцата повредени од залутан куршум за време на свадбена веселба во тетовска Мала Речица. МВР работи на расветлување на синоќешниот инцидент.

Како што се наведува во полицискиот извештај, на 30 јули околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Како што јавуваат дел од медиумите, поради сериозноста на повредите, двајцата ранети подоцна биле пренесени на скопските клиники, ама се надвор од животна опасност.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано