Шпански државјанин, во Скопје, тргувал со хероин и кокаин

245

Шпански државјанин, на возраст од 35 години, со времено престојувалиште во Скопје, бил приведен поради поседување на наркотичн дроги хероин и кокаин. По апсењето, кое се случило вчера, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, во внатрешниот лев џеб на јакната, кај сега осомничениот бил пронајден кокаин. Хероинот бил со тежина од 10,39 грама и била спакуван во две полиетиленски пакувања, а кокаин бил со тежина од 0,70 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомниченото лице.
За шпаннскиот државјнин веќе е отворена кривична истрага и за него, поради опасност да се даде во бегство, изречена е мерка притвор.

Спонзорирано