Финансиска полиција со пријава за Лидија Димова и за тројца нејзини соработници

2275

За директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, но и за сопственикот на „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против.
Со поднесената кривична пријава се опфатени и А.Г., надворешен советник и А.П, благајник, во споменатата Агенција, а сомнежот е дека сите споменати предизвикале штета во вкупен износ од 25.334.543 денари или нешто повеќе од 410.000 евра. Сите четворица се товарат дека сториле кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување, измама на штета на средства на европската заедница, соизвршителство и несовесно работење.
Скандалот со работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше откриен од медиумите кои излегоа со информации дека се давале пари за бизарни програми, односно дека фризерница, во периот од три години, добила 270.000 евра за наставни програми, а пари се давале и за дресура на магариња, како и за големи сметки за службени патувања.

Димова, на прес конференција, кажа дека истражувала криминал од 2,2 милиони евра и дека не планира да се даде оставка, иако тоа од нејзе и формално беше побарано како од вицепремиерто Љупчо Николовски, така и од премиерот Зоран Заев. Барањето за смена Владата го достави до Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, но таа се уште не е разрешена.

Спонзорирано