ШЕЕСЕТГОДИШНИК ЗАДОВОЛУВАЛ СТРАСТИ ПРЕД МАЛОЛЕТНИЦИ – ИСТРАГА ПО ПОЛОВИНА ГОДИНА

847

Јавното обвинителство отвори кривична истрага за шеесетгодишен жител на скопско Миладиновци за настан кој се случил на трети февруари оваа година. Имено, истрагата се однесува на кривично дело: задоволување на полови страсти пред друг, согласно член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на улицата „Беровска“, во Скопје. Сега осомничениот вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Тој бил забележан од сведок кој го избркал сега осомничениот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, не само поради постоење опсасно од бегство, влијание врз сведоци или поради можноста тој да го повтори делото, туку и поради тоа што се работи за тешко кривично дело за коешто е запретената казна од најмалку четири години затвор.

Спонзорирано