ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ ПО ПОТЕРНИЦА – ПРЕСУДИТЕ УКИНАТИ!

1226

Апсењето на Авдиљраман Ајвази (37), жител на скопско Мојанци, коешто полицијата го реализира пред два дена, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“, а по распишана потееница, по се изгледа дека било залудно?!
Имено, полицијата постапувала по распишана потерница од скопскиот кривичен суд, а порсди избегнување затворска казна во траење од 20 години заради сторено кривично дело убиство, но првостепената пресуда на Основниот суд во Куманово од октомври 2018, како и правосилната пресуда на скопска Апелација од март 2018 се укинати, пред повеќе од половина година, поточно на 20. јануари оваа година.
Обвинетиот Ајвази, преку неговиот бранител, поднел барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Барањето било прифатено, а веќе донесените пресуди биле укинати!
Со одлуката на Врховниот суд се наложува судската постапка за обвинетиот да биде повторена од почеток.

Спонзорирано