КУМАНОВЕЦ ИЗВРШИЛ ПОЛОВ НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ

480

Кумановското обвинителство поведе истрага за 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривични дела: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и производство и дистрибуција на детска порнографија.
Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати, во временскиот период од мај до јуни оваа година, извршил полово дејствие врз неговата ќерка и притоа дејствијата ги снимал со мобилен телефон, а потоа ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и истите ги направил достапни на повеќе лица.
На осомничниот, судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано