Разбиена криминална група која прокриумчарила 400 мигранти

718

Групата, за прифаќање, засолнување и превоз на мигрантите, наплаќала помеѓу 180 и 250 евра и на тој начин се стекнала со противправна имотна корист од 150.000 до 200.000 евра

 

По четиримесечна предистражна постапка, водена од јавен обвинител, а реализирана од Министерството за внатрешни работи резултираше со апсење на 14 лица кои се занимавале со криумчарење на мигранти. Имено, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе изготвило наредба за спроведување на кривична истрага за 13 лица, македонски државјани, кои се товарат дека сториле кривично дело: организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти и за криумчарење на мигранти.
Со кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи опфатени се 14 лица, од кои едно е времен престој во Грција, М.С.(45) од село Богородица, И.Ѓ.(20) од Ново Конско, Ќ.А.(28) и Н.М.(35), од Арачиново, Б.Г.(24) од Марвинци, И.Ѓ.(49), од Ново Конско, Б.Р.(28), Љ.А.(26) и Х.А. (27) од Арачиново, .П.(27) од с.Богородица, С.К.(23) од с.Селемли, Ф.А.(32) од с.Јосифово и Д. М.(22) од Богданци.
Соработници во криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник. Нивна задача била да доставуват известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи.
Според Обвинителството, претреси биле извршени во 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово и притоа од слобода биле лишени девет лица.
Криминалната група која брои 14 члена имала дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, а била поврзана и со грчки криминални структури. Групата, од мај до крајот на минатиот месец, спровела 395 мигранти од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток. Меѓу мигрантите имало и 18 деца. За прифаќање, засолнување и превоз на мигрантите биле наплаќани помеѓу 180 и 250 евра по лице, што, пак претпоставува дека тие се стекнале со противправна имотна корист од 150.000 до 200.000 евра.

Спонзорирано