Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медиа груп“

1555

УЈП најави кривични пријави против три правни субјекти кои се поврзани со првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски. Поради сомнежи за затајување на данок, од УЈП велат дека пријави ќе бидат поднесени против Меѓународниот сојуз, компанијата сопственик на 1ТВ – БМЈ медиа груп и против „Томато продукција“, во чии простории е сместена телевизијата. Според даночните власти, овие три субјекти затаиле околу 20 милиони денари данок.

При контрола во Меѓународниот сојуз, утврдила дека не се приложени документи за ваучерите за помош на социјално загрозени семејства. Парите од договорите склучени меѓу Сојузот со „Дрим Билдинг“ и ГП „Пелистер“ за изградба на старечки домови биле префрлени на физички лица односно кај заменик претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска. Јовановски одбил да го потпише записникот од контролите на УЈП со образложение дека поднел оставка како претседате на Меѓународниот сојуз.

Од УЈП информираат дека врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми. При контролите во 1ТВ се појавило и лице кое се претставило како иден сопственик на телевизијата, но не сакаа да го откријат и неговиот идентитет.

 

Спонзорирано