Сашо Мијалков останува во домашен притвор. Апелација му ја продолжи мерката, а неговите адвокати веќе се подготвуваат за нова жалба до Врховниот суд. Оптимисти се дека таму ќе биде донесена позитивна одлука и бизнисменот и поранешен шеф на ДБК ќе може да се брани од слобода, јави 24.мк.
– Очекуваме Врховен да ја укине одлуката токму поради мислењето кое го има донесено. Токму тоа е еден аргумент, дека СЈО нема надлежност да бара мерки поради истечениот рок за нови истраги и обвиненија од тие 18 месеци.“ – одбраната на Мијалков.
Пред еден месец врховните судии со мнозинство гласови го прогласија СЈО за ненадлежно да отвора нови истраги и обвиненија по 30 јуни 2017- година. Додека ја чека одлуката за случајот Империја, тој се подготвува да ја слушне и првата пресуда за процесот „Титаник 2“. Таму е 11-ти или последен на листата обвинети со најлесно кривично дело- Примање награда за противзаконито влијание , за кое е предвиден затвор меѓу 1 и 5 години. Според СЈО, Мијалков и Мендух Тачи се испазариле за незаконско поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година, во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска врховните судии одржале седници за домашните притвори на бизнисменот Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во „Империја“, но одлуката се најавува за во понеделник. Врховен наместо од Катица Јанева, за мислење се обрати кај Јовевски, но на крај одговорот го доби од СЈО. Ова ќе биде прва одлука откако врховните судии го донесоа начелното мислење со кое го прогласува СЈО за ненадлежно за новите истраги. Кривичниот суд и апелација не го испочитуваат тоа мислење, а се чека на крај законот за СЈО да го протолкуваат и пратениците.