ПРИВЕДЕНИ ДЕВЕТ ЛИЦА ПОРАДИ ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ И ОРУЖЈЕ

1049

Девет лица се приведени во полициската акција којашто денеска беше спроведена во скопско Арачиново. Всушност, полицијата приведе осум жители на Арачиново, меѓу кои и полициски работник и уште едно лице од Свети Николе. Од МВР потврдуваат дека акцијата е продолжение на онаа којашто се реализира кон крајот на мината година во Кичево и дека приведените, со кривична пруијава му се предадени на Јавното обвинителство.
Според првичните сознанија, осомничените Х.Б. (54) и и А.М. (44), ја формирале криминалната група која се занимавала со незаконска трговија со оружје, муниција и дрога. На групата и се приклучиле: Ф.Б.(22), В.Б.(25), Д.Б.(44), И.С.(48), полицискиот службеник И.Ј. (45), Љ.А. (31), И.А. (40) и малолетниот Р.А..
Од МВР и потврда дека истрагата траеле повеќе месеци и дека поседува повеќе од 20 документирани случаи кои се однесуваат на трговија хероин, марихуана и хашиш, но и оружје и муниција.
Според Јавното обвинителство постојат доволно докази кои ја потврдуваат инволвираноста на сега осомничените за кои од судот се бара да изрече мерка притвор.

Спонзорирано