ОБВИНЕНИЕ ЗА ДВЕ ЛИЦА ЗА „ЈАВНА СОБА“

697

Две лица се обвинети за скандалот со групата наречена „Јавна соба“, односно со објава на непримерени фотографии на социјалната мрежа „Телеграм“.
Креаторот и администраторот, лица на возраст од 32 односно 21 година, на групата „Јавна соба“ се товарат за кривично дело: производство и дистрибуција на детска порнографија. Според наводите на диспозитивот, сега обвинетите, од 19. декември 2019 до 28. јануари следната година, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудиовизуелните содржини, но тие, со умисла, дозволиле да се направи достапна содржина, односно материјал на кој се прикажани полови дејствија со дете.
Од Обвинитрлството и појаснување дека предметот наречен „Јавна соба 2“, е во предистражна фаза. Скопското обвинителство, преку МВР, на 27. јануари оваа година, се обратило до Меѓународниот сервис провајдер за услуги – „Телеграм“, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата, но оттаму се уште нема никаков одговор.
Бараните податоци се неопходни за да се утврди идентитетот и за да може Обвинителството да може кривично-правно да постапува против инволвираните во споменатата група. Токму поради настанатиот проблем Обвинителство ги искористило механизмите на меѓународна правна помош, и податоците ги побарало од Обединетото Кралство, но и оттаму нема одговор.
Инаку, за утврдување кривична одговорност во групата „Јавна соба 2“, согласно својата надлежност, постапуваат повеќе јавни обвинителства во државата. Па сепак, во Обвинителството во Велес е оформен предмет и веќе се води истрага за едно лице за кривичното дело: производство и дистрибуција на детска порнографија. Имено, при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот биле пронајдени видео записи со детска порнографија.
Во Обвинителството во Битола, исто така, е оформен предмет во врска со „Јавна соба 2“. Издадени се наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон.
Во Кавадарци, во тек е прибирање на материјали докази, а во Прилеп, од осомничено лице се одземени два мобилни телефона.

Спонзорирано