Приведен е претходниот директор на Централен регистар и уште неколкумина вработени

2525

Приведен е поранешниот директор на Централен регистар, Андреа Поповски и  уште најмалку четворица други вработени во оваа институција. Засега нема информации за што точно се осомничени.

Финансиската полиција за утре најавува појаснување за акцијата.

Поповски, според информациите,  е кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше на чело на Централен регистар три години, од 2014 до 2017 година, период во кој оваа институција беше фалена од тогашната влада како мошне успешна, меѓу друго и поради воведувањето на т.н. едношалтерски систем.

Спонзорирано