АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ КАЗНАТА ОД 7,6 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ДЕДОТО НА ТАМАРА ДИМОВСКА

    2149

    Апелација, во јуни минатата година, на Љупчо Стојановски му изрече ефективен затвор за поседување на огнено оружје, откако тој, неправосилно, беше осуден на условна казна

    Апелациониот суд во Скопје, преку Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја достави пресудата за Љупчо Стојановски, дедо на сега починатата Тамара Димовска, за обид за убиство на Никола Тодоров, поранешен министер за здравство.
    Од судот само кратко појаснуваат дека во целост е потврдена првостепната пресуда, изречена на седми декември минатата година, за кривичното дело убиство, според член 123 став 1 а во врска со член 19 од КЗ.
    „Станува збор за кривично дело сторено на први јуни 2017 година, пред Министерството за здравство, за што со првостепената пресуда обвинетиот беше огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 7 години и 6 месеци“, се вели во кусото соопштение на судот.
    Во елаборацијата на првостепената пресуда судот појасни дека болката на осудениот Стојановски, по неговата изгубена внука, не значи дека тој самиот треба самиот да „дели“ правда и покрај тоа што тој сметал дека вината за смртта на детето тој ја лоцирал токму кај Тодоров. Стојановски, според мислењето на судот, требало да знае дека за смртта на малата Тамара Димовска постои предмет во кој се обвинети 12 лица. Инаку, скопскиот Апелацонен суд, немаше милост кон Стојановски и при одмерување на казна за поседување на огнено оружје. Имено, дедото на Тамара, за поседување на гасниот пиштол со којшто го нападна Никола Тодоров, неправосилно беше осуден на две години затвор кој му беше заменет со условна казна во траење од пет години, но таа одлука беше заменета до ефекетивен затвор во траење од една година.

    Спонзорирано