Притворено лицето кое ограби казино, откако било фатено на граница

663

Лицето кое се бараше поради сторено разбојништво, во казино, во Кочани, е пронајдено и за него веќе е активирана мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што информираат од обвинителството сега осомничениот бил риведен на граничниот премин со Бугарија, кај Делчево, во моментите кога тој планира да ја напушти државата.
Основното јавно обвинителство во Кочани веќе донело наредба за поведување истрага за бегалецот за кривично дело разбојништво.
Инаку, сега веќе осомничениот во саботата, во казино, на улицата „Маршал Тито“ во Кочани, употребил сила врз двајца вработени и одзел 76.400 денари. Се се случило во моментите кога вработена во казиното, од апарат за игри на среќа, извадила кутија со пари, таканаречен „стакер“. Осомничениот и пришол на вработената, а потоа почнал да ја турка и да и ја влече кутијата од раце. На турканицата и се приклучил вработен кој сајал да ја заштити својата колешка, но и тој бил нападнат, туркан, влечен и тепан. Откако ја одзел кутијата насилникот се дал во бегство упатувајќи се кон Бугарија, но тој бил репознаен од царинските полициски службеници по што бил приведен.
„Надлежниот јавен обвинител ги ценеше сите околности во предметот, особено опасноста од бегство на која упатува однесувањето на осомничениот веднаш по настанот и фактот што тој од 2009 година имал пријавено престојувалиште во Италија, каде живее негов близок роднина и каде имал намера да замине со неговото семејство“, велат од Обвинителството и притоа потврдуваат дека поради постоење на опасност од бегство или негово влијание врз сведоците била побарана мерка притвор кој што бил одобрен од судија на претходна постапка.

Спонзорирано