МВР: „Силвија Стојановска му помагала на сопругот во шверцот на 700 кила кокаин!“

2280

Улогата на глумицата Силвија Стојановска во трговијата со кокаин којшто е запленет во Шпанија воопшто не била наивна! Ваквото тврдење произлегува од денешната прес-конференција во Министерството за внатрешни работи, од каде денеска појаснување дека таа активно му помагала на нејзиниот сопруг кој бил еден од шверцерите на кокаин од Јужна Америка во Европа. Имено, како што потврди министерот Оливер Спасовски водач на групата бил сега првоосомничениот Војислав Будисављевиќ, кој, пак, заради изречена забрана за патување во земјите од Европската унуија, како свој резидент, во Белгија, го ангажирал својот брат.
„Од јуни до декември остварувале редовни контакти за договарање на сите детали за пренос на кокаинот. Откако биле договорени сите детали, на почетокот на декември С.С., по инструкции на нејзиниот партнер, резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат и истиот го платила со сопствена кредитна картичка. Во октомври С.С., преку Софија, отпатувала во Мадрид, каде во име на нејзиниот сопруг, од непознат шпански државјанин подигнала 10.000 евра, најверојатно за криминални активности на оваа мрежа“, рече министерот Спасовски и притоа појасни дека како дел од меѓународна криминална мрежа, од Колумбија и Белгија, членовите на групата, а според инструкции на лидерот на групата организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија.
„Членовите на организирана криминална група на лице идентификувано како ‘капетан на брод’ му исплатиле 850.000 евра, како дел од сумата договорена за транспорт на кокаинот од Колумбија до Шпанија“, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Инаку, акцијата со која освен што требало да се заплрни големата кокаинска пратка, требало и да се уапсат сите инволвирани во нелегалната трговија ја раководеле шпанската полиција и американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА). Истрагата којашто тие ја воделе покажала дека криминалната група освен во Скопје, одржувала средби и во соседна Србија, како и во Канкун и во Дубаи, а нивната интернет комуникација била со висока заштита.

Спонзорирано