Отфрлена пријавата на Фросина Ременски против Гордана Јанкулоска и Сиљан Аврамовски

    2186

    Јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство донел решение со кое ја отфрла кривична пријава однесена од пратеничката Фросина Ташевска-Ременски поднесена против екс-министрите Сиљан Аврамовски и Гордана Јанкулоска, како и против уште едно лице. Пријавата се однесуваше на сторени кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата. „Пријавата, првично, беше поднесена против две лица, а потоа со дополнително доставен поднесок беше проширена за уште едно лице. Во пријавата се наведува дека во периодот од 22. мај 2014 до 29. април следната година, првопријавената во својство министер во МВР, со пречекорување на границите на своето овластување и спротивно на Законот за внатрешни работи, му прибавила корист на второпријавениот кој во наведениот период бил заменик-директор на УБК. Имено таа овозможила и по исполнување на условите за старосна пензија, второпријавениот да остане во работен однос и да прима плата“, се вели во соопштението на обвинителството и се појаснува дека третопријавената, во критичниот период помошник-министер за правни работи и човечки ресурси, од 22. мај 2014 година до крајот на месец мај 2017 година, свесно пропуштила да го извести министерот дека барањата за продолжување на работниот однос поднесени од второпријавениот се недозволени и сочинила решенија за продолжување на неговиот работен однос.
    Јавниот обвинител, постапувајќи по пријавата, со две последователни наредби од МВР обезбедил податоци за работниот ангажман на Аврамовски ниот, правните акти на кои се засновал, висината на паричниот износ кој месечно му бил исплаќан и други околности. Од документација произлегло дека Јанкулоска на 14. април 2014 година донела решение со кое констатирала дека на 31. истиот месец ќе настапи прекин на работниот однос на Аврамовски поради исполнување на условите за остварување старосна пензија – 40 години стаж.

    Поднесотелот на пријавата, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски е изненадена од брзината на одлучување и од самата одлука. Таа на сцвјот фејцбу профил ќе напише: „Експресно медиумско информирање за отфрлање на кривична пријава за која до сега прашал, објавил и се заинтересирал само еден медиум и, вест во која никој не знае или не сака да знае кој е прв, втор и трет во пријавата и што направил. Нека поминат празничните гозби и радости, пред да ги објавам сите документи за случајот и ова соопштение да стане смешно и жално и да се види како парламентарниот надзор пред кој се лажело е исмеан со ова соопштение и како лажењето е ‘законско’. Можеби ќе има ист експресен медиумски интерес“, се вели во реакцијата на Ременски.

    Спонзорирано