Владимир Панчевски повеќе не е судија!

4591

Судскиот совет со 9 гласа „за“ и само еден „против“ го разреши суспендираниот Панчевски, кој важи за еден од главните „кочничари“ на судските постапки

Безмалку едногласни беа членовите на Судскиот совет кога одлучуваа суспендирануиот Владимир Панчевски да се разреши од судиската функција! Имено, на денешната седница на Судскиот совет деветмина судиуја гласале за негово разрешување, а само еден гласал против.
Со разрешувањето на Панчевски не само што се отвора пљат за негово судење за злоупотреби со системот АКМИС, туку и „блокадата“ што тој се обидеа да ја наметне со исплатите на разликте коишто им беа дадени на судиите. Имено, Панчевски ценел дека и покрај тоа што е суспендиран од работното место, сепак има право на надомест кој реално не му припаѓа. Инаку, за манипулациите со АКМИС-системот, односно со делење на предмети на рака и тоа на судии одреден токму од него, на Панчевски требаше вчера да му се суди, но судењето беше одложебно по објаснување дека тој е заминат во странство. За воља на вистината се уште не се појавил во судот во Велес, каде треба да одговара за манипулациите сторени од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, кога тој ја извршуваше функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
Панчевски, кој е во постојан конфликт како со своите довчерашни колеги, така и со новунари и медиуми, веќе праволсилно осуден за мобинг, а пријави за него поднесе и Општина Центар заради противправна доградба на два ката на зграда во стргиот центар на Скопје. Панчевски ќе остане запаметен и како личност која со безброј лажни фејсбук-профили, главно женски ликови, кодошеше и лажно обвинуваше.
Инаку, „Правосудство“ за него ексклузивно објави дека уште како малолетник вршел провани кражби по станови во центарот на Скопје, но и тоа дека физички се преметувал со жени.

(Љ.Станковиќ)

Спонзорирано