Три години затвор за Дејан Бошковски од „ЕЛЕМ“!

2659

Освен сопругот на поранешната заменик министерка за правда, Билјана Бришкоска-Бошковска, на по три години се осудени и Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски

На три години затвор кривичниот суд денеска го осуди Дејан Бошковски, поранешен директор на државната „ЕЛЕМ“ и сопруга на екс заменичката министерка за правда Билјана Бришкоска-Бошковска која, пак, се товари за изборни нерегуларности во предметот наречен „Титаник“.
Со Бошковски, на по три години се осудени и неговите најблиски соработници Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски и со тоа, неправосилно, е затворен предметот „Тарифа“.
За судијката, Софче Гавриловска-Ефремова, од скопскиот кривичен суд, не постојат дилеми дека тројцата обвинети сториле злоупотреба на службената положба и овластувањето и на конзорциумот „Нераст“ му овозможиле да изврши јавна набавка на софтверски систем со нецелосна документација. Согласно пресудата Ненад Ѓорѓовски треба на „ЕЛЕМ“ да му надомести штета од 20.000 , а Методиј Стојменовски од 30.000 евра и тоа во рок од три месеци, а по правосилност на пресудата.
Уште на стартот на овој судски процес, во 2017 година, во својот воведен збор обвинителот Трајче Пеливанов рече се злоупотребени над 4,5 милиони евра државни пари и дека СЈО тоа ќе го докаже. Имено, Бошковски и другите двајца директори беа обвинети дека злоупотребиле сторици илјади евра со незаконски тендер, на кој фирмата која победила имала некомплетна документација. Станува збор за тендер за набавка на софтвер за потребите на „ЕЛЕМ“, но софтверот никогаш не бил имплементиран, но за него потрошиле уште 456.560 евра за одржување и уште 16.800 евра за сертификат за употреба на модулот.
Дејан Бошковски по негата смена од „ЕЛЕМ“ стан член на Регулаторната комисија за енергетика. Неговата, и патната исправа на неговата сопруга се во времено владение на судот.

Спонзорирано